Во изминатиот период на површина на целиот град поставени се 3.200 нови лед светла, до крајот на месецот ќе бидат поставени уште 1.500, а во текот на месец септември и сите останати, со што вкупниот број би достигнал 9.600 нови лед светилки, информираат од Град Скопје.
„За Скопје да може да функционира непречено и како што треба во текот на целото деноноќие, потребно е секогаш улиците и булеварите да се покриени со квалитетно осветлување. Покрај тоа што со менувањето на стандардни натриум со нови лед светилки се постигнува подобро осветлување, дополнително новите светилки и значително влијаат на потрошувачката, заштедувајќи од 50-60%. Дополнително, на самите светилки има и контролери кои даваат навремени и точни информации за работата на светилките во текот на 24 часа“, информираше скопскиот градоначалник Петре Шилегов.