Ученици од Франција дојдоа во Струмица на учење преку работа во три струмички компании

Од Париз во Струмица дојдоа седум ученици и заедно  со нивниот професор се дел од програмата за мобилност, која вклучува учење преку работа во три струмички компании. Размената е во рамки на програмата Еазмус +, а нивен домаќин е ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица.

Изминатите денови, француските ученици дојдоа и во посета на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Таквата соработка меѓу двете институции е воспоставена минатата година, преку препознавање на успесите на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица во реализираните Еразмус+ активности во стручното образование и обука, соопшти Костадинов.

Учениците од Париз во Струмица ќе престојуваат две недели. Нивното училиште е дел од АФОРПА групацијата на стручни училишта од Париз, Франција, чија основна дејност е стручно образование и обука во автомобилската индустрија.