Општина Штип преку ЈП Исар започна со изведба на нова водоводна линија почнувајќи од потегот пред филтер станицата во населбата Баби, со што како што истакнува градоначалникот Иван Јорданов на денешната средба со новинарите, конечно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето кој со години наназад го имаат жителите од оваа населба.

Како шро посочува Јорданов на овој начин од една страна ќе се подобри водоснабдувањето на граѓаните кои живеат во висока зона и имаа долгогодишен проблем со слабиот притисок на вода, но од друга страна и се отвара можноста за пренасочување на водоснабдувањето при евентуален дефект во ниска зона, со што населбата непречено би се снабдувала со вода.

Околу седум милиони денари ќе бидат издвоени за реализација на започнатите градежни активности на терен, а истите се очекува да бидат завршени во текот на наредните два месеци.