Силниот ветер во Скопје откорна дрвја, екипите на ЈП „Зеленило и паркови“ се на терен

ЈП „Зеленило и паркови“ информира дека вчера поради силниот ветер биле откорнати десетина дрвја во градот, поточно во општините Центар, Карпош, Аеродром и Гази Баба. Екипите на терен сѐ уште го расчистуваат теренот, информираат од ЈП „Зеленило и паркови“. За среќа паднатите дрвја не предизвикале никаква материјална штета.