Со пари од Европската унија се расчистува крајбрежјето на Дојранското езеро. Станува збор за прекугранични проекти   не само од наша страна туку и од грчка.

„Од наша страна се работи на расчистување на крајбрежјето од плажата Фуктак па се до Полициските кампови, место што беше обраснато со вегетација. Сега тоа е целосно расчистено, така што се отвори  поголем простор за плажите,се’ во прилог на потребите на туристите,“ информира градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Деновиве било извршено тампонирање на патот кој води до плажата Николич

Во близина на дојранското село Николич почна уредувањето на езерското крајбрежје каде ќе никне нов кампинг за туристи и ќе се подготви и уреди за користење „дивата плажа“, велат од локалната администрација во Дојран.

,,Езерското крајбрежје во Николич и неговата околина одамна е познато по убавите плажи кои одамна,пред можеби педесетина години, беа познати и многу посетени поради тогаш познатиот авто камп „Ачикот“ и околните плажи.Туристите шетајќи наоколу ги пронајдоа повторно сега веќе дивите и напуштени плажи кои залужуваат да им се вратат откако урбано ќе ги средиме,“ додава Ангов.