Летово српските туристи во Дојран ќе добијат попусти во туристичко угостителските објекти и бесплатен паркинг, ова го договорија дојранскиот градоначалник Анго Ангов и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски.

Намерата следува како одговор на наедамнешната донација од Србија која на земјава и донираше антиковид вакцини во вредност од околу 700.000 евра.

„ Сакаме со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија, но и да им помогнеме на домашните туристички работници како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација,“ изјавија Ангов и Јаневски.

Во прилог и на можностите што ја нуди местоположбата на Дојран како транзитна туристичка дестинација, договорена е засилена промоција на овој наш туристички бисер за транзитен туризам со реализација на повеќе од 150.000 ноќевања во текот на оваа година.