Градоначалникот на Општина Дојран ги повика туристичките работници, угостители, хотелиери но и приватните издавачи на соби и апартмани, сите кои сакаат да се претстават на саемот во Белград да се пријават во општината.
„Почитувани угостители, хотелиери и приватни издавачи на соби и апартмани, од 24.03.2022 до 27.03.2022 година, Општина Дојран ќе учествува на саемот за туризам во Белград, Р.Србија. Доколку сакате да го претставите вашиот бизнис на овој престижен саем Ве покануваме својот промотивен материјал (летоци, брошури, визит карти, фотографии и сл.) да ги доставите во просториите на Општина Дојран, најдоцна до 20.03.2022 година,“ се вели во објавата.
Истите, се вели во повикот од страна на градоначалникот, ќе бидат поставени на штандот на Општина Дојран во Белград и ќе бидат поделени на заинтересираните посетители.