По шест години пауза, општина Дојран повторно ги отвори вратите на триатлон натпреваручаите во Македонија.
Викедов, покрај езрескиот брег, се пливаше, трчаше и се возеше велосипед.
Тука на едно место беа и најмладите и постарите и професионалците и ентузијастите.
Во организација на Триатлон федерацијата на Македонија и општина Дојран се одржа Националното првенство по триатлон. Севкупен победник е Игор Димовски, последниот Македонец кој пред десет години го преплива Ла манш.
Победници сепак беа сите, од најмладите до навозрасните, сите кои што ја започнаа трката и стигнаа до целта.
Димовски ја потврди титулата од минатата година, кога беше победник на трите македонски купа во триатлон. Оваа година сите три патеки ги помина за точно еден час.
„Имав една пауза поради работните обврски во странство, меѓутоа се вратив на спортот, со мали промени-додадов уште два во низата. Значи се работи за триатлон кој што е пливање, возење велосипед и трчање. Еве ме на пиедесталот како победник и како најстар меѓу учесниците. Јас бев победник и во далечната 1993 година на првиот триатлон натпревар во државата во организација на Ѓорги Кузмановски, што се одржа во Скопје на езерото Треска. И точно по 17 години јас сум повторно на пиедесталот ,“ ни изјави Димовски.
Претседателот на Македонската триатлон федерација, Иван Михајловски изрази огромна благодарност кон градоначалникот на општина Дојран ,Анго Ангов кој што овозможи по шест годишна пауза, првенството повторно да се одржи покрај езерскиот брег и тоа во услови на пандемија и по сите препораки на европската и светска триетлон федерација.
„На првенството учествуваа 83 натпреварувачи во сите категории. Условите се прекрасни, презедоволни сме од тоа како се одвиваше целата организација. Благодарност и до спонзорите Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет и секако општина Дојран и жителите која што го озвозможи сето ова. Се надевам дека и во годините што следуваат ќе продолжиме со организирање на натпревари тука во Дојран. Верувам дека оваа традиција ќе продолжи и понатаму“,изјави Михајловски.
Во далечната 2005 година во Дојран се одржа балканскот и европски триатлон шампионат.
„Се надеваме дека ако не во 2021 година, сигурно во 2022 година, тука во Дојран ќе ја донесеме европската елиата во триатлон натпреварите“, додаде Михајловски.
На триатлон првенството дефинитивно најголемо внимание предизвикаа најмалите натпреварувачи, кои што дициплинирано и професионално го реализираа натпреварот, навестувајќи дека еден ден и тие ќе се впишат во спортската историја со своите постиганти резултати.
Сите резултати можете да ги погледнете на следниот линк.