Градоначалникот на Општина Дојран се сретнаа со пензионерите. На средбата се разговараше за активностите на пензионерите како и тековните проблеми со кои се соочуваат.
Главната заложба на општината е во соработка со Здружението на пензионери да се донесе програма за подобрување на квалитетот на живеење на пензионерите преку обезбедување на дополнителна парична помош на социјално загрозените лица и бесплатна примарна заштита на сите пензионери и хронично болни лица,“ изјави Ангов.
Исто така договорено е заеднички со Здружението да се формираат посебни катчиња за пензионерите и тоа на на повеќе локации. Во овие т.н катчиња ќе понудат активности за исполнување на нивниот секојдневен живот и различни друштвени игри.