Инсталирана е новата помпа на бушотината Деребаш кај Дојран. Помпата испумпува 40 литри во секунда со што се обезбедени дополнителни количини вода.

Од локалната самоуправа велат дека нема веќе да има проблеми со водоснабдувањето на ова туристичко место. Според информациите во моментов водата од Деребаш се испумпува од длабочина од 150 метри а паралелно целосно е сменет системот за вадење вода, заменети се дотраените и поставени нови полиетиленски еко цевки.

,,Екипи на ЈП Полин за само 24 часа успеа да изведе една тешка операција за обезбедување на потребните количини вода. По претходна анализа за квалитетот на водата поставивме нова помпа која сега исфрла 40 литри во секунда а поставивме и нов систем кој не беше чепнат цели 30 години. Станува збор за инвестиција од милион денари кои ги обезбедивме без денар од општинскиот Буџет. Сите пари се по пат на спонзорства,,вели градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов

 

Неколку дена жителите и сопственици на викендици од горните делови на Стар Дојран  немаа вода за вода за пиење.

Недостатокот на потребните количини од вода се особено се почувствува за време на викендот, кога Дојран го посетија илјадници викендаши и гости. За разлика од мајскиот прекин кога имаше дефект во застарената мрежа и дотраените попни станици сега проблем беше намалената издашност на бушотините.