Застарената водоводна и канализациска мрежа за скоро ќе стане минато за жителите на улиците Цветан Димов, Борко Талев и Димо Хаџи-Димов во штипското маало Кадидере.
Штипскиот градоначалник Јорданов најави дека повеќе од 60 домаќинства ќе добијат нови приклучоци на водоводна и канализациска мрежа, а по завршувањето на оваа активност улиците ќе се асфалтираат.
– Станува збор за инвестиција во вредност од два милиони денари за промена на подземната инфраструктура, а дополнително, како следна фаза, ќе се инвестира за нанесувањето на асфалтната маса, рече Јорданов потенцирајќи оти очекува дека за околу еден месец ќе се заврши првата фаза.
Во летниот период градоначалникот најави промена на водоводната и канализациска мрежа на повеќе други улици, меѓу кои и: „11 Октомври“, „Коле Неделков“, „Борис Кидрич“ и улицата „Пиринска“.