Мирис на свежо печен зелник, многу гужва и традиционална музика го исполни градскиот плоштад во Пробиштип.
Десетта година по ред овде традиционално се организира манифестацијата „Зелникот на баба“.
Посетителите можеа да видат како се сука зелник и како се пече под вршник, но преку работилница можеа да научат и сами како да сукаат. Најхрабрите учествуваа и во натпревар за брзо сукање.
Погледнете како си поминавме во Пробиштип.