Во втората епизода од „Маалски муабети со Петре Шилегов“ гостува акерот Дениз Абдула кој открива детали од неговото детство од неговото маало Чаир.

Градоначалникот Шилегов  како и Дениз зборувaa за детство и животот во маалото, при што откри дека неговото детство го поминал во Бутел и рече дека тогаш биле сосема други времиња. Нема споредба тоа Скопје и Скопје кое го живееме сега.

Шилегов зборуваше и за новиот булевар Босна и Херцеговина кој е изграден како и за новите поставени вело патеки со што им се овозможува на граѓаните од скопски Чаир полесно и побезбедно да циркулираат на велосипед.

Дениз раскажа дека завршил основно училиште во „Петар Здравсковски – Пенко“, како дете помеѓу маалските игри фудбалот го држел приматот, омилено место за игра била исто така железничката станица Скопје – Север при што како деца ставале паричка на шините, жмурка помеѓу вагоните, возеле ролерки на „Цветан Димов“ со што дури бил удрен од автомобил.

Помеѓу разговор градоначалникот откри дека наскоро ќе биде објавен јавен тендер за проектирање на улицата „Цветан Димов“ во булевар, што би чинело околу шест милиони евра, со шест ленти и централно зеленило. Како што истакна градоначалникот тоа е вториот коридор за БРТ.

Дениз како предлог побара од градоначалникот киносала, кое може да биде пренаменета и во театрско студио, рече тоа  недостасува во Чаир, но културата не се практикува и цени тука, додаде тој.

За крај на муабетот градоначалникот Шилегов како гостин во маалото на Дениз беше послужен со турско кафе и локум.

Погледнете го видеото во продолжение: