Децениската потреба на жителите на викенд населбата Суитлак, за снабдување со чиста вода за пиење станува реалност.

Веќе се изведени  првите приклучоци на неколку викенд куќи во населбата, a според зборовите на директорот на ЈП Исар, надлежно за реализација на проектот, Кирил Зајков  активностите за поврзување на водоводна линија во населбата Сутлак течат во најдобар ред.

  • Веќе е поставен дел од кракот три, поголем дел од куќите се поврзани на водата и она што го ветивме ние како јавно претпријатие почнуваме да го реализираме и во периодот кој претстои истото ќе продолжи со засилена динамика, вели Зајков.

 

Тој нагласи дека според проекциите од јавното претпријатие, целосниот проект за поврзување на водоводната мрежа на сите куќи од населбата  треба да биде завршен до крајот на годината.

  • Напоменувам дека тоа е проект во кој активно се вклучени и општина Штип и самите граѓани кои живеат во населбата Суитлак, па зависно од нивната вклученост така ќе се реализира и самиот проект, додаде Зајков.

Вкупната инвестиција за овој проект чини 13 милиони денари, од кои  6 милиони обезбедува општината, некаде околу 2 милиони се од буџетот на јавното претпријатие Исар, додека останатите средства се одбезбедени од самите жители на населбата.