Новото мултифункционално игралиште во склоп на средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип вчера официјално беше пуштено во употреба. Со сечење на црвена лента, штипскиот градоначалник Јорданов и директорката Марија Николиќ, изразија задоволство за реализираниот проект и велат целта е да се промовира здравиот начин на живот кај младите.
– Станува збор за повеќенаменски спортски терен со специјализирана тартан подлога за фудбал и кошарка кое е целосно оградено. Ова ќе значи многу за учениците од медицинското училиште бидејќи наставата по физичко ќе може да ја следат надвор кога ќе бидат соодветни временските услови, но од значење е и за жителите кои живеат во околината и ќе може да го користат, рече Јорданов.
Иако ова е посленото игралиште за годинава, градоначалникот најави дека со ваква динамика ќе се продолжи и следната и сите населби ќе добијат спортски терени.