По две години пауза Штип за време на „Пастрмалијада“ блесна во полн сјај. И покрај студот, гости од целата држава дојдоа поради понудената музичка програма, а секако и да јадат од познатиот штипски специјалитет.

Официјално во петокот манифестацијата ја отвори штипскиот градоначалник Иван Јорданов, а гостин беше и евроамбасадорот Дејвид Гир. Двајцата ја сечеа џиновската пастрмалија, а Гир се обрати на македонски јазик и рече дека му претставува огромно задоволство што е во градот и се пошегува и дека би можеле и во ЕУ да направат пастрмалијада.

Во петокот задолжени за добрата забава беа ДНК, Џамбо Агушеви и хрватската пејачка Јелена Розга. Во саботата, пак, гостите можеа да уживаат со штипјанецот Зоран Илиев, Куку Леле и Тони Цетински.