Министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска и синот на покојниот Аки Ракимовски придружувани од крушевскиот градоначалник Томе Христоски ја посетија спомен куќата „Тодор Проески“. Заедно положија цвеќе на гробното место на Тоше и оддадоа почит на големиот пејач.
„Разговараме и за Аки Ракимовски кој го почитуваше нашиот Тоше и постхумно посвети неколку песни. Ја искористив приликата да иницирам до министерката за култура 25-ти јануари да стане Ден на хуманоста на национално ниво.“информира Христоски.
Тој за време на посетата со Министерката за култура разговарале за тековните проекти, тековните проблеми.
„Заедно со министерката за култура се согласивме дека помошта од Министерството сега е многу поголема, особено за Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“и објектите од историско значење, “изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.