Куманово: Службите се на терен и распрскуваат течност против подмрзнување

Снегот што денеска ги покри кумановските улици ги мобилизираше зимските служби. Од Општина Куманово информираат дека Службите за зимско одржување се на терен и распрскуваат течност против подмрзнување на коловозот во Куманово.

– Екипите на ЈП “Чистота и зеленило” се распоредени во централното градско подрачје, се прска со средство против подмрзнување на фреквентните пешачки зони, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.