Со донацијата од САД комплетно се реновирани просториите и влезот во итната медицинска помош, а Здравствениот дом во Пробиштип е гасификациран и променета е покривната конструкција на објектот. За таа цел Здравствениот дом во Пробиштип го посетија министерот за здравство Венко Филипче, генерал-мајор Грегори Најт и вршителот на должност амбасадор на САД Ерик Мајер.
Министерот Филипче истакна дека овој проект е дел од серијата на проекти за зајакнување на здравствените институции во земјата и оти ова е прв објект во пробиштип кој користи течен гас за затоплување и со овасе решава дел од проблемот со аерозагадувањето.
-Со министерот и генерал мајор Греогири Најт Заедно направивме увид на завршениот проект за реновирање на Здравствениот дом со средства од граѓаните на САД, со подршка на Канцеларијата за соработка во одбраната и Амбасадата на САД. Со проектот се инсталираше машинска инсталација – котли за топловодно греење на течен нафтен гас, се реновираа просториите на Итната медицинска помош, тоалетите и влезот на Здравствениот дом и целосно се промени кровната кострукција со површина од 2100 метри квадратни, истакна градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов.
Вредноста на проектот изнесува двесте илјади американски долари.