Нова сензорна соба која е од големо значење за развојот на лицата со попреченост од општина Пробиштип е пуштена во употреба во склоп на тамошниот Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Градоначалникот на општината, Драган Анастасов, истакна дека сензорната соба е финансирана од Министерството за труд и социјална политика и чини 700 илјади денари.

Министерката за труд и социјална политика која го посети Дневниот центар, потенцира оти  ваквите сензорни соби се од голема важност за лицата со попреченост и секој центар кој ги користи овие придобивки е свесен за задоволството и позитивните ефекти кои ги имаат корисниците од терапиите во нив.

Инаку дневниот центар за лица со попреченост во Пробиштип згрижува 11 корисници на возраст од 4 до 40 години. Центарот спроведува индивидуална и групна терапија во зависност од попреченоста и потребите на корисниците. Дефектолог, психолог, медицинската сестра и социјалниот згрижувач за деца се давателите на услуги во центарот.