Во делчевското село Габрово завршува изградбата на крак од фекалната канализација  со што целосно ќе се заокружи системот за отпадните води во ова село. Кракот од фекалната канализација е во должина од 250 метри при што се поставуваат цевки фи 200, а се изградени и 6 шахти. Со оваа интервенција се решава проблемот со отпадните води на 25 семејства.
Денеска увид во завршните работи изврши градоначалникот Горан Трајковски при што истакна дека реализацијата на проектите продолжуваат со забрзана динамика.

 

Влогот во развој и унапредување на инфраструктурата е влог во услови за подобар живот во секое наше населено место и во оваа насока се продолжува да се работи и во наредниот период. Реализацијата и на овој инфраструктурен проект значи подобар квалитет на животот на граѓаните. Во соработка со ЈКП „Брегалница“ и согласно со Годишната програма за работа и барањата од граѓаните, работиме на изградба на фекални канализации во делови од населени места, каде досега не беше изградена канализација.  Сакам да истакнам дека ваква интервенција имавме и во с. Ѕвегор, каде работите се завршени и изградена е фекална канализација во должина од 150 метри во Горната Маала во селото, а во оваа прилика најавуваме изградба на крак од фекална канализација и во населбата Стрелиште, како и на влезот на Делчево кон селото Ѕвегор за потребите на новоизградените стопански субјекти, рече Трајковски.