Ќе се организира повторна јавна презентација и јавна анкета по прелодг-планот за измена и дополнување на дел од Центар, дел од УБ1, дел од УМ1 и 2, Општина Штип со тех. бр. 16/2019, изработен од ЈП „Стипион 2011“- Штип.

Граници на опфатот:

Од исток почнува од улицата Стојан Рибата;

Од јужната страна по улицата Маршал Тито и дел од улицата Кирил и Методи;

Од западната страна по улицата Кирил и Методи;

Од север по улицата Иво Лола Рибар.

Повторната јавна анкета и јавна презентација ќе се спроведе со изложување на Предлог-планот во просториите на локалната самоуправа на Општина Штип. Повторната јавна анкета ќе трае пет работни дена од денот на објавувањето на соопштението, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 24 ноември 2020 година во 12.30 часот во просториите на Општина Штип.