Откако на први декември во штипската Бања Кежовица беше отворен општиот, машки и женски дел, откако беа дезинфицирани, од средата овде се отворени и базените, со што граѓаните целосно може да уживаат во лековитите води на бањата.

Кежовица засега поради ситуацијата со коронавирусот ќе работи со намален капацитет, а ќе се почитуваат сите протоколи и мерки за заштита.

– Бањата има капацитет од околу 35 седишта во машката и женската бања. Според протоколите внатре ќе може да има 17-18 луѓе во ист момент, да се седи преку едно столче. Ќе бараме документ за вакцинација и граѓаните да потпишат дека немаат симптоми, вели директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков.