Поставен е фотоволтаик на покривот на детската градинка „Кокичиња“ во село Таринци во Општина Карбинци.

Ова е четврта ваква инвестиција во општината, информира градоначалникот, Јордан Насев. Досега ваква инсталација е поставена на зградата на ООУ „Страшо Пинџур”, општинската зграда и пумпната станица во село Таринци каде што се поставени фотоволтаици за производство на електрична енергија.

„ Средствата во износ од 200.000 денари се обезбедени преку ЛАГ Плачковица од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој и 100.000 денари учество од Буџетот на општина Карбинци“, изјави Насев.

Со инвестирање во обновливи извори на енергија ќе се оствари долгорочни заштеди на средства.

„Со поставувањето на фотоволтаик на детската градинка „Кокичиња“ според проценките  годишно заштедата би била околу 70.000 денари“, информира Насев