Со средства од Бирото за регионален развој ќе се гради плоштад во село Радање. Договорот е веќе потпишан и активностите би требало да започнат во рок од 15 дена.

Општина Карбинци доби средства за уште еден проекет, изградба на пат од село Радање до село Оџалија.

На  прес-конференција, градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев информира дека средствата се добиени по два основа, по основ на села и по основ на специфични села, какви што се планинските села во рамките на оваа општина.

„За патот до селото Оџалија во должина од 800 метри општина Карбинци од Бирото за регионален развој ќе добие 3.017.127 денари или 64% од вкупната вредност, а општината има обврска да го обезбеди остатокот од средствата или сума во висина од 1.674.765 денари. Вкупно, целиот овој проект ќе чини 4.691.892 денари“, информира Насев.

Оваа лето свој плоштад со повеќе содржини ќе добие селото Радање.

„Плоштадот ќе биде лоциран и уреден наспроти џамијата во селото.Ќе биде покриен со бехатон плочки, ќе бидат поставени клупи и други урбани содржини.За овој проект  се одобрени средства 2.884.300 денари а општината обезбедува 721.079 денари“,образложи Насев на тематската прес-конференција.