Пред стартот на учебната година заедно со ООУ ,,Страшо Пинџур” општина Карбинци обезбеди бесплатно ранче со училишен прибор за секое прваче.

За прв пат во ООУ ,,Страшо Пинџур” обезбедена е и и бесплатна училишна униформа за учениците од прво до петто одделение.

„Општина Карбинци се залага и за помош на родителите на првоодделенчињата, средношколците и студентите од Карбинци, каде помагаме со парична помош од 3000 ден, “ велат од локалната самоуправа.

Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци вели дека учениците ќе ја стартуваат годината навреме, а дека во делот на штедењето направен е план за рационализација на трошоците.

Во ПОУ ,,Страшо Пинџур” во Крупиште обезбеден е  целосно нов инвентар во сите простории за учениците и наставниците.