Во општина Карбинци се инсталирани три фотоволтаични централи од кои што едното се наоѓа на општинската зграда, втората на О.У Страшо Пинџур и тетата на пумпната станица во село Таринци, од која што со вода се снабдуваат четири населени места.
,,Со инсталирањето на овие три фотоволтаични централи со вкупна моќност од 45 киловолти, се очекува на годишно ниво заштеда на средства за електрична енергија од 800.000 до 1 милион денари. Најголемата заштеда ќе биде на пумпната станица во село Таринци, дури до 500.000 денари. Ова се базира врз основа на потрошувачката на електрична енергија во претходната година со периодот за експлоатација што е околу десет месеци“, образложи градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.