(Видео) Концерт со традиционална македонска музика го отвори „Штипското културно лето“

„Филип Шурбески езгија квартет“ ги донесен традиционалните македонски звуци на чалгијата, за почетокот на традиционалната летна манифестација „Штипско културно лето“. 40-тото издание на почеток донесе многу познати песни и ора што ги присутните во Безистенот, ги слушале од мали нозе. Некои и потпевнуваа, аплаудираа, се радуваа на познатите рефрени.

Музичари, уметници, граѓани, љубители на чалгијата и македонската народна музика имаа прилика да уживаат речиси еден час во 18 композиции, завршувајќи со „Чифте чифте“, неизоставен дел на секоја домашна веселба.

„Штипско културно лето“ од синоќа па во наредните 45 дена ќе донесе 34 настани од повеќе области на културата – театар, музика, ликовна уметност, работилници… Во следните денови има неколку концерти од класичната музика, а во сабота е настапот на Националниот џез оркестар под диригентство на Џијан Емин и солистите Андријана Јаневска, Калина Велковска, Сашо Гигов Гиш и Дејан Бобиќ – Дексо. Концертот е во Домот на млади.