Израелскиот дигиталниот процес на управување на отпад претставен пред Струмица- зошто да не стане и струмички?

Пред Локалниот совет за превенција во Струмица, изминатата недела беше претставена дигиталната технологија за паметно управање со отпад на израелската компанија „Гениум“.  Во исто време, тоа беше и прво претставување на оваа технологија пред македонска општина.

Станува збор за платформа која преку сензори и камери поставени во контејнери и возила, генерира податоци што се собираат, обработуваат и визуелизираат. На овој начин, општината може прецизно да ја менаџира логистиката, да го оптимизира бројот на возила, да ги намали трошоците, и пред сè – да ги подигне еколошките стандарди на ниво на европски градови.

Според Владимир Костадинов, претставник на „Гениум“, ова е технологија која не само што го дигитализира целиот процес на управување со отпад, туку обезбедува вистински податоци во реално време – од моментот на фрлање, преку селекција, до финално транспортирање

“Во секое време ќе знаеме што, каде и колку отпад има. Конечно, отпадот добива дигитална трага и ние добиваме контрола, ефикасност и чистота,” – изјави Костадинов.

Моментално, Македонија не располага со ваков тип на технологија. Струмица може да биде пионер во примената на едно вакво решение, кое се базира на долгогодишно искуство и докажана ефикасност во Израел – земја лидер во паметни еко-технологии.

Придобивките се бројни, како прецизно мерење на количина и тип на отпад,автоматизирана селекција, намалување на фреквенцијата на собирање со подобро планирање, брза реакција при преполнување или злоупотреба и подигнување на свеста кај граѓаните преку визуелна и транспарентна анализа.

Општината Струмица покажува јасна подготвеност да влезе во нова еколошка ера, а поддршката за имплементација на вакво решение е логичен следен чекор во насока на паметна, чиста и ефикасна урбана средина. Ако Струмица стане првиот град во Македонија што ќе го имплементира ова решение – тогаш ќе стане и модел за сите останати, смета градоначалникот Костадин Костадинов.

Тој ги повика јавноста, институциите и граѓанскиот сектор да дадат поддршка за една вистинска трансформација, како што реле,  од хаотично собирање кон дигитален систем со логика, ред и почит кон животната средина.