На крајот на април основците од Муртино ќе вежбаат во нова спортска сала

Привршува изградбата на спортската сала во ООУ „Маршал Тито“ во Муртино, која е проект на Владата со учество на Општината Струмица. Градоначалникот Костадин Костадинов со своите соработници и дел од членовите на Советот на општина Струмица, неделава беше во увид во завршните активности. Пред граѓаните на Муртино соопшти дека ако се’ се одвива според планот, салата ќе биде пуштена во употреба кон крајот на овој месец.

Проектот се реализира преку Министерство на образование и наука.
Овој спортски објект е на површина од 650 метри квадратни, граден по современи стандарди во кој учениците ќе можат да ги изведуваат спортските активности. По Муртино, нова спортска сала ќе се гради и во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица.