На манифестацијата „Спортски асови 2018“ им беа врачени признанијата на најуспешните спортисти од Виница за изминатата година. На јавниот повик, кој беше ортворен од 8 до 20 јануари, стигнале поголем број пријави и предлози, по што Комисијата ги избрала најуспешните во шест категории.

За најдобар спортист за 2018 година е прогласена маратонката Адријана Поп-Арсова, која неколку пати уриваше државни рекорди. Во истата категорија признанија добија и гимнастичарката Јана Николова, како и Климент Ефтимов, најдобар стрелец во клубот „Торо спорт“. Најдобар млад спортист е кик-боксерот Јани Постолов, а најдобра млада спортистка гимнастичарката Патриција Костадиновска. Најдобар спортски настан е првата меѓународна планинска трка „Чупино треил“, најдобар спортски клуб „Торо спорт“, признание за најдобар тренер доби Дарко Гоцевски, а најдобар училишен клуб е тој во училиштето „Гоце Делчев“.

Градоначалникот Ивица Димитров на спортистката на годината и’ врачи призание и ваучер од 7.000 денари, а другите добија парични награди од по 5.000 денари.