Од пластични ќеси, шишиња и лажички, од најлон и од хартија, учениците во средното општинско училиште „Ванчо Прке“ од Виница создадоа прекрасни модели и креации со кои прошетаа по виничките улици на 22 април, Денот на планетата Земја. Целта беше да се испрати порака за поголема свесност и одговорност за заштита на животната средина.

Проектот доби поддршка и од виничките основни училишта „Славчо Стојменски“ и „Гоце Делчев“, чии претставници и се вклучија во убавиот настан во Виница.