Традиционално и оваа година, средното државно музичко училиште „Сергеј Михајлов“ го одржа 14-тиот по ред новогодишен концерт во домот на културата Ацо Шопов во Штип. Концертот се реализираше во две вечери, преку три концерти, на кои присуствуваше бројна публика.
Учениците од различни оддели и насоки настапија со разновидна програма, во која беа вклучени познати композиции од класичната музика, како и дела од понови музички жанрови. Настапите беа солистички и ансамбловски, со учество на ученици од повеќе инструменти и вокални изведби.
Преку концертите, учениците го прикажаа она што го имаат совладано во текот на наставата, а настанот беше можност за практична примена на стекнатото знаење пред публика. Новогодишниот концерт е дел од редовниот годишен календар на активности на училиштето и се организира во пресрет на новогодишните празници.
Инаку, целта на концертот е да се пренесе новогдишната магија до целата публика и во добро расположение да се испрати старата 2025 и се пречека новата 2026.




