Бесплатен паркинг простор по 15 часот најавуваат од ЈП Стипион овој петок и сабота кога Штип ќе биде домаќин на сите љубители на пастрамајлијата но и добрата забава, во рамки на овогодинешното издание на манифестацијата “ Штипска Пастрамалијада “.

Според директорот на јавното претпријатие задолжено за регулирање на паркинг просторот во градот, Панче Стефановски бесплатен паркинг ќе има обезбедено за сите возила и во сите паркинг зони.

  • Очекуваме многу гости викендов по повод пастрамалијадата и за таа цел паркингот во градот во деновите петок и сабота ќе биде бесплатен после 15 часот за сите возила. Направивме организационен состанок со МВР и со службите од локалната самоуправа, задолживме луѓе кои ќе имаат улога на редари на влезовите на градот и во градското подрачје ќе им асистираат на возачите за паркинг, со цел да не се создаваат гужви и сообраќајот нормално да функционира, вели Стефановски.

Според грубите проценки очекувањата се дека повеќе од 10 илјади возила од сите делови на земјава ќе го посетат Штип во текот на Пастрамалијадата овој петок и сабота.