По четврти пат Штип домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок

Околу 40тина одбојкари до 22 години, од вкупно пет држави, Турција, Косово, Србија, Романија и домаќинот Македонија викендов ќе бидат дел од  Балканското првенство во одбојка на песок, кое по четврти пат се одржува во Штип.

  • Подоготовките за теренот во спортско рекреативниот центар „Џексон“ веќе се во тек. Традиоционално ова е манифестација која се одржува секоја година, Балканската федерација организацијата оваа година ја додели на Македонија и Штип се јавува како домаќин на истата. Турнирот ќе се одржи од 14 до 16 јули, од петок до недела, информираат од кабинетот на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Според најавите, свеченото отварање е утре во вечерните часови, а финалните натпревари се очекува да бидат во недела на 16 јули.

Балканското првенство во одбојка на песок е во организација на Одбојкарската федерација на Македонија заедно со Општина Штип, која веќе во три наврати се покажа како одличен организатор, во 2011, 2013 и 2018 година.