Завршена е реконструкцијата на тротоарот на улицата Сремски Фронт почнувајќи од основното училиште Димитар Влахов до населбата Баби. Градоначалникот Сашко Николов вели дека со ова се подобрува инфрастуктурата во градот.

-Тука имаше тротоар од едната страна, а сега е поставен и од другата страна. Станува збор за јавна површина која досега не беше уредена, а жителите ја користеа секојдневно за одење кон населбата Баби и кон училиштето. Општината во рекордно време направи тротоари и на улиците Коле Златев, Лески, Драги Крупишки и Маршал Тито. Нашето претпријатие Стипион изврши реконструкција на повеќе тротоари кои беа нерамни и видно оштетени. Реконструиран е тротоарот на дел од улицата Гоце Делчев, на Вита Поп Јорданова, а изграден е и тротоар од влезот до излезот за безбедно движење на жителите од населба Караорман, рече Николов.

Во моментот Николов информираше дека се работи на улицата Крушевска република во населбата Баби, а се врши и прередување на бекатон плочките во центарот на Штип, каде тротоарите се подигнати поради корените на дрвата.