По повод претстојната Митровденска Задушница, Јавното претпријатие „Стипион“ ќе воведе засилен автобуски превоз со цел да им овозможи на граѓаните полесен и побезбеден пристап до градските гробишта.

Посебните линии ќе сообраќаат во петок, 31 октомври, како и во сабота, 1 ноември 2025 година – покрај редовниот распоред на јавниот превоз.

Автобусите ќе тргнуваат од утринските часови, почнувајќи од 09:30 часот, а последните линии ќе сообраќаат до 13:00 часот, за да им се овозможи на сите посетители навремено и без метеж да пристигнат на гробиштата.

Од ЈП „Стипион“ апелираат до жителите на Штип да ги искористат дополнителните линии, со што ќе се избегнат сообраќајни гужви и ќе се овозможи достоинствено одбележување на овој спомен-дeн.