Електрична метларка го засили капацитетот за чистење на струмички „Комуналец“

Новонабавената електрична метларка, која го осовремени возно-техничкиот парк на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, ќе замине во Габрово и ќе се најде во одржувањето на улиците и просторот на се’ поатрактивните Габровски водоводи.

Набавката на метларката на електричен погон, е резултат на склучениот договор помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Струмица.

Градоначалникот Костадин Костадинов најавува дека ангажманите околу зголемувањето на возно-техничките капацитети на ЈПКД „Комуналец“ ќе продолжат и во наредниот период.