(видео) Струмица – вело град

Струмица стана вело град. Неодамна беше предадена во употреба и адреналинската памп трака. Во рамките на второто издание на Фестивалот „ Вело Струмица“  беше ставена во функција патеката со нагорнини и надолници и рампи за скокање околу кои можат да се возат велосипеди, скејт борди, ролери, тротинети генерирајќи импулс од движење, користејќи го притисокот врз превозното средство.

-Со досега воспоставената велосипедската инфраструктура, како и преку развојот на рекреативните велосипедски содржини, како памп патеката, континуирано вложуваме во развојот за Европска, прогресивна Струмица. Чекор напред е креирањето на велосипедското-рекреативното игралиште – памп патека, мулти-функционални простори кој придонесува за прогресивни локални заедници“ , изјави градоначалникот Костадин Костадинов.

Претстои изградба на планински велосипедски патеки, како и развој на велосипедска инфраструктура која има за цел поврзување на населените места со Струмица.

Во меѓувреме, погледнете како изгледа Струмица – вело град.