Штипјани ќе можат онлајн да го платат данокот на имот, да поднесат мноштво барања, но и да пријават проблеми со кои се соочуваат. Ова е новината која ја воведува Општина Штип преку својата дигитална платформа со цел да понуди подобри услуги за граѓаните и поефикасна, транспарентна општина.

– Граѓаните ќе може да го следат процесот на легализација на дивоградби, да поднесат барање за издавање извод од урбанистички план, барање за издавање потврда за број на катастарска парцела, за точна адреса, промена на улица и број, барање за воведување инспекциска постапка и сл, рече Јорданов.

Дополнително граѓаните преку платформата „М Заедница“ ќе може да пријавуваат проблеми со кои се соочуваат, а потоа одговорното лице на засегнатиот сектор ќе комуницира со граѓаните за навремено и соодветно да се постапи.

Апликацијата можете да ја симнете наGoogle play store – https://goo.gl/Y9qhpE (за корисниците на Android)
App store – https://apple.co/2SbERqJ (за корисниците на Apple)
Десктоп верзија: www.mzaednica.mk