ЗЕЛС во изминатата години си постави неколку важни работи, коишто требало да се истуркаат и да се дојде до некое конечно решение за проблемите со кои се соочуваат речиси сите општини вo државата. Сепак тоа не било доволно истите и да се реализираат, поради немањето волја од страна на претседателството на ЗЕЛС, смета градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, како член на У.О на оваа заедница на локални самоуправи.

„ Најголем проблем за општините е енергетската криза и проблемите пред се со уличното осветлување. Ние како У.О на ЗЕЛС си ги поставивме овие цели за да дојдеме до некое позитивно решение и онака систематизираните ставови коишто однапред ги договоривме и направивме, и да ги реализираме. За жал оваа тековна година не можеме да кажеме дека една од тие цели е реализирана. Напротив ништо од она за што навистина се боревме, не успеавме да реализираме, најмногу можеби поради нефункционирањето на претседателството, кое што навистина во последниов период или повеќе од половина година е неактивно во работата од својот домен, “ смета  Паунов.

Според него, она што во идно време треба да се случува со ЗЕЛС е да се најде механизам, начин за да почне да функционира во интерес на општините, во интерес на решавање на проблемите што зависат од ЗЕЛС којашто во името на општините треба да ги води и чие решавање зависи од други институции што се во надлежност на државата.