Oткако опозициската СДСМ во Штип обвини дека секретарот на општината има дивоградба, а и дека градежниот материјал за ова се складирал во детската градинка „Цветови“, градоначалникот Иван Јорданов е дециден дека законот важи еднакво за сите.

– Лимот и натстрешницата се отстранети и додека ја сум градоначалник законите во Општина Штип ќе важат еднакво за сите, рече Јорданов.

Тој информираше и дека постапката за бесправно изградената натстрешница од страна на овластен градежен инспектор е започната уште на втори декември, пред СДСМ да одржи прес, како што вели, за манипулирање на јавноста.

Јорданов за возврат, пак, посочи на повеќе дивоградби во градот кои биле започнати во време кога градот имал градоначалник на СДСМ, а за кои вели се заштитени од централната власт.