Штипската населба Сењак 4, на потегот меѓу зградите, добива ново катче каде жителите ќе може да се рекреираат и одмараат. Градоначалникот Јорданов информира дека активностите се преземаат по барање на жителите, откако со години ништо не било направено, а се поставуваат нови спортски содржини и летниковци.

– Целосно ќе се уредат терените за мал фудбал и за баскет, со вештачка трева и тартан подлога. Ќе има осветлување, а ќе се постават и нови детски реквизити, рече Јорданов додавајќи дека средствата во висина од е 600 илјади денари наменети за овој простор се од буџетот.

Откако игралиштето кое скоро беше направено меѓу зградите погоре одовде беше демолирано, Јорданов денеска истакна дека направиле санација на штетите и апелираше граѓаните да се однесуваат совесно и да не го уништуватт она што се прави.