Штипската пастрмалија на традиционалната манифестација „Штипска пастрмалијада“ годинава ќе биде за 40 денари поскапа од лани. Цената која на средба ја договорија угостителите, градоначалникот и општината, ќе биде 190 денари. Универзалните стандарди остануваат исти, 150 грама месо и 250 грама тесто.

На средбата се зборуваше и за закупувањето штандови. Покровителите и пријателите на „Штипска пастрмалијада“ ќе можат да постават и нестандарден штанд, а ќе платат зависно од локацијата, над 3000 евра. Штандовите на кои ќе се продава пастрмалија ќе се закупуваат за 200 евра, а оние кои сакаат да продаваат нешто друго наместо ова, ќе се закупуваат по 1000 евра.

Градоначалникот Јорданов најави дека официјалниот повик за сите угостители ќе биде објавен во понеделник.

„Штипската пастрмалијада“ чии главни гости годинава ќе бидат Јелена Розга и Тони Цетински ќе се одржи на 23 и 24 септември на крстосницата „Дујле“.