„Од зрно до погача“-За традициите, обичаите и храната во Општина Конче

Изминатиов викенд во Општина Конче се одржа манифестацијата од ,, ОД ЗРНО ДО ПОГАЧА “. Презентирањето на мултиетничките традиции и обичаи е целта на одржувањето на оваа манифестација.

Настанот се одржа, под покровителство на МЗШВ на РМ и во соработка со ЗРРР Блесок од Радовиш и повеќе учесници на КУД од Конче и Радовиш. Покрај традиционалните изворни ора и носии на манифестацијата беше изложена прекрасната традиционална храна од регионот, опфатен во границите на Општина Конче.

Проектот е аплициран преку Мултиетничко општество, со цел да се покаже традицијата, обичаите, културата, здравата храна и соживот на македонското и турското население кое живее во општина Конче.