Македонска Каменица започнува со селекција на отпадот

Нови 69 контејнери за селектирање на стакло, пластика и хартија доби Општината Македонска Каменица. Овие контејнетри, ЈП Камена Река ќе ги распореди на повеќе улици и локации во градот.

Напоредно со ова, започнува и со поставување на 200 корпи за отпадоци за домаќинствата во централното градско подрачје, како прв чекор кон целосно воведување на системот за селектирање на отпадот.Овие активности Општина Македонска Каменица ги спроведувава како дел од Програмата за работа на Јавното претпријатие.

Со овој пристап кон управувањето со отпадот, граѓаните на Македонска Каменица директно учествуваат и помагаат во одржувањето на чистата и здрава животна средина. Исто така, селектирањето и рециклирањето на отпадот,ќе значи и дополнителен бенефит за Општината, односно заштеда на средства кои ќе бидат вложувани во заштита на животната средина и природата.

Набавката на опремата е во рамки на Проектот за регионалната депонија. Претходно, како дел од овој проект, Општината доби ново возило за транспорт и складирање на отпад.