Интензивно се работи на уредување на делот под црквата Св.Спас во Ново Село. Овде во изминатите неколку дена се поставија нови кошеви и голови во спортското игралиште, а се поставија и детски реквизити во игралиштето веднаш до него. Со бекатон плочки партерно е уреден и еден дел од паркот.

– Она што го планираме во наредните неколку дена е да ја подигнеме постоечката заштитна ограда на игралиштето. Веќе сме во тендерска постапка за постапување нова подлога на игралиштето и поставување нови рефлектори за комплетно осветлување, најави градоначалникот Иван Јорданов.

Освен ова игралиште, Јорданов вети дека во следниот период сите спортски и детски игралишта ќе се доуредат или реконструираат.

За тоа колку ќе чинат реконструкциите, Јорданов рече ќе се изјаснат откако ќе завршат тендерските постапки. Во годишниот буџет имаат одвоено околу шест милиони денари.