Засадени 16 портокалови цветови во знак на 16 дена активизам против родово базираното насилство

Засадени 16 портокалови цветови во центарот на Куманово во знак на Националната кампања против насилство врз жените и девојките. Активноста е во чест на 16 дена активизам против родово базирано насилство, а со цел е да се зајакне свеста за борбата против насилството.

По тој повод, заеднички ги засукаа ракавите советнички од Советот на општина Куманово и претставничките на граѓански организации и симболично на градскиот плоштад засадија цвеќиња.

Во рамките на одбележувањата, закажана е трибина, која е предвидена да се одржи на 10 декември во Занаетчискиот дом.

Освен граѓанските организации и советничките ќе присуствуваат и претставници на Центарот за социјална работа и полицијата кои ќе ги презентираат податоците со коишто располагаат за семејното насилство, а ќе се поведе и иницијатива за идна заедничка соработка со граѓанскиот сектор.