Се врши целосна реконструкција и проширување на дел од ул.Илинденска и ул.Партизанска во Стар Дојран. Станува збор за површина од  525м

„Инфраструктурата е битен фактор во развојот на туризмот и подобрување на условите на живеење и функционирање на локалното население,“велат од локалната самоуправа.

Од тука додаваат дека се обезбедени средства за реализирање на вакви проекти и во другите населени места во Општина Дојран.