Силен партнер за зачувување на животната средина, грижа за македонскиот бисер-Дојранското езеро и неговиот биодиверзитет доби општина Дојран. Општината потпиша меморандум за соработка со меѓународната невладина организација ,,Милиеуконтакт Македонија”

„Ангажирањето на партнер каков што е Милиеуконтакт,посебно со ставање на располагање на сите експерти од областа на животна средина и екологија, ќе значи зголемен капацитет на Општина Дојран во изработка и аплицирање на проекти од оваа област, како и добивање на финансиски средства за истите,“ вели градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.

Со помош на Милиеуконтакт ќе се формираат тимови од општината кои заедно со експертите ќе работат и обучуваат, а со ќе значи  трајна вредност во самата Општина.

Ставањето и пуштање во употреба на трите реконструирани куќи кои се направени со цел да служат како научно едукативен центар, ја овозможуваат и основата за спроведување на сето ова кое е зацртано како еден од врвните приоритети.